Hepatosil Paste

1,460 ден

Дополнителна храна за кучиња и мачки што помага во поддршката на функцијата на црниот дроб, во случаи на затајување или дисфункција. Ја заштитува и помага регенерацијата на хепатоцитите, ја забрзува регенерацијата и закрепнувањето на црниот дроб.

  • Директно преземање од нашиот магацин

Преземете уште денес.

Бесплатно

  • Достава по курир

Пратката ќе ви биде доставена на внесената адреса.

2-3 работни дена

150 ден.

Детален опис на производот:

Пакување

Шприц 30 ml

Дозирање

1 ml дневно до 5 kg телесна маса.

Состав:

декстроза, вода, олигофруктозен сируп, глицерол, масло од соја*, мелиса од шеќерна репка, говедски желатин, преработени животински протеини (пилешки и мисиркин), арома. Хутритивни додатоци: Витамини (на kg): (За700) Витамин Е 100.000 mg. Сензорни додатоци (на kg): (2b Silibum marianum) Екстракт од млеќен трн 250.000 mg; (2б) Сув екстракт од артичока 40.000 mg. Аминокиселини (на kg): (3c362) Орнитин 200.000 mg. Емулгатори и стабилизатори: полиоксиетилен (20)-сорбитан моноолеат (E433).

*БЕЗ ГМО – Масло од соја се произведува од негенетски модифицирани организми.

1 ml паста содржи: екстракт од млечен трн 125 mg, Л-Орнитин-Л-аспартат 25 mg, С-аденосил-метионин 23 mg, екстракт од артичока 20 mg, витамин Е 10 mg.

Силимарин е мешавина од три супстанци (силикристин, силидионин и силибинин) изолирани од семките и корените на растението Сикавица/млечен трн (Silybum marianum). Силимаринот специфично го штити црниот дроб од токсини (на пример, од токсични ефекти на лекови и тешки метали), ја акривира синтезата на протеини и го стимулира растот на нови клетки на црниот дроб за да ги заменат оние кои се оштетени или мртви. Сикавицата делува и многу антиоксидативно (ги уништува слободните радикали) и антиинфламаторно.

Л-орнитин-Л-аспартат (LOLA) го намалува нивото на амонијак во крвта преку стимулирање на синтезата на уреа и глукамин.

 SAMe го зголемува природното лачење на глутатион во телото. Глутатион е моќен антиоксиданс кој ги штити клетките на црниот дроб од токсини и клеточна смрт. Суплиментацијата со SAMe помага во заштитата и одржувањето на функциите на црниот дроб.

Екстрактот од сува артичока има три активни состојќи: цинарин, лутеолин и хлорогена киселина, кои служат како пре- и пробиотик за помагање на варењето, како антиоксиданс за поддршка на црниот дроб и како холагог и хлоретик за добра поддршка на билијарниот систем и добробиотот за црниот дроб.

Витаминот Е (α – токоферол) е витамин растворлив во масти кој може да има повеќекратни корисни ефекти кај пациенти со заболувања на црниот дроб, вклучувајќи и антиоксидантни, антиинфламаторни и антифибротични ефекти. Витаминот Е делува како антиоксиданс врзан за клеточната мембрана.

Упатство за употреба:

Може да се дава директно во уста или да се меша со храна за домашни миленици. Пријатниот вкус го олеснува прифаќањето на пастата.

За да ја нанесете точната количина на производот, користете го практичното тркало на клипот на шприцот. Завртете го тркалото додека не биде десно од бројот што ја преставува саканата количина што треба да се примени (видете го дијаграмот подолу што ја покажува правилната и неправилната положба за 10 ml).

Да се чува на суво и ладно место, подалеку од директна сончева светлина. Да се чува подалеку од дофат на деца. Само за животинска употреба.