Продавница

Прикажи 9 12 18 24

Renitine 80g

На залиха

819 ден

Додаток во исхрана за кучиња и мачки со акутна, хронична инсуфициенција, хиперфосфатемија.

SeboGo шампон

На залиха

1,053 ден

Идеален за чистење и нега, со особено благ и смирувачки ефект на мрсна, перутлива и/или кожа со непријатен мирис. Содржи активни состојки кои делуваат во два чекори: 1- директно влијаат на контролата на производството на себум и 2- го спречуваат размножувањето на штетните бактерии. По користењето на шампонот, кожата и влакната остануваат кондиционирани, меки и со пријатен мирис.

Senophtan

Нема на залиха

1,151 ден

Дополнителна храна за постари кучиња, за зачувување на видот и когнитивните функции. Им помага на постарите миленичиња да живеаат квалитетен живот. Мешавина од антиоксиданси (витамин Е, витамин Ц, лутеин, бета каротен, заексантин, астаксантин), митохондријален кофактор (алфа пипоична киселина) и омега 3 масни киселини (особено DHA) за оптимално здравје на мозокот и зачувување на когнитивните функции.

Senophtan small

Нема на залиха

1,075 ден

Дополнителна храна за постари кучиња и мачки, за зачувување на видот и когнитивните функции. Им помага на постарите миленичиња да живеаат квалитетен живот. Мешавина од таурин (помага во работата а срцето, здравјето на очите, функционирањето на имунолошкиот систем), антиоксиданси (витамин Е, витамин Ц, лутеин, бета каротен, заексантин, астаксантин), митохондријален кофактор (алфа пипоична киселина) и омега 3 масни киселини
(особено DHA) за оптимално здравје на мозокот и зачувување на когнитивните функции.

Skin & Fur

На залиха

948 ден

Додаток во исхраната за кучиња и мачки со проблеми со кожата (суво, црвено, чешање, првут, опаѓање на косата, лошо крзно). За подобрување на здравјето на кожата и крзното.

Skin & Fur BLACK&BROWN

На залиха

929 ден

Дополнителна храна за кучиња и мачки. Го поддржува здравјето на кожа и крзното на домашното милениче, ја регулира пигментацијата на кожата и крзното, снабдувајќи ги со внимателно одбрани хранливи материи.

Меланинот е полимерен кафеав или темен пигмент произведен од меланоцити кој се дистрибуира низ кожата, крзното, очите и другите ткива. Има важна функција во одржувањето на епидермалната хомеостаза. Меланинот го апсорбира УВ зрачењето и го троши најголемиот дел од апсорбираната енергија во вид на топлина, со што ја штити кожата.
Неурамнотежениот метаболизам на меланинскиот пигмент може да предизвика нарушувања на пигментацијата на кожата. Хипопигментацијата се јавува кога синтезата на меланин е абнормално намалена.

Skin & Fur WHITE

На залиха

929 ден

Дополнителна храна за кучиња и мачки. Го поддржува здравјето на кожата и крзното на вашето домашно милениче.

Нашиот додаток во исхраната за подобрување на квалитетот на кожата и крзното му обезбедуваат на вашето домашно милениче вистински хранливи материи кои ќе помогнат во негата за кожата и крзното и ќе придонесат за обновување на влакната без сјај, мат, сува кожа, со манифестирано чешање. Овој додаток комбинира цинк, витамин Д3, витамини Б комплекс, биотин и омега 3 масни киселини за да им помогне на домашните миленици да имаат убаво и сјајно кржно.

Urino Cat

На залиха

859 ден

Додаток во исхраната за мачки со инфекција на долните уринарни патишта – акуни, хронични и рекурентни вослапенија. Се препорачува и при постоење на кристалурија и мокрачни камења, како и по катетеризација и оперативно отстранување на мокрачните камења. Препаратот е наменет за одржување на нормалната функција на уринарнот тракт.

Urino Dog

На залиха

920 ден

Додаток во исхраната за кучиња со инфекција на долните уринарни патишта – акуни, хронични и рекурентни вослапенија. Се препорачува и при постоење на кристалурија и мокрачни камења, како и по катетеризација и оперативно отстранување на мокрачните камења. Препаратот е наменет за одржување на нормалната функција на уринарнот тракт.

URINO paste

На залиха

1,026 ден

Дополнителна храна во облик на гел за кучиња и мачки. Помага во намалувањето на повторно појавување струвитни камења кои ја закиселуваат урината. Може да биде корисен во делот на терапија за мачки кои имаат уролошки синдром (FUS) и кај кучиња кои се наклонети кон формирање на струитивни камења.

Vetamanoza 2g/20 sachets

На залиха

1,835 ден

Го подржува здравјето на уринарниот тракт кај кучиња и мачки.
Се употребува кај кучиња и мачки со инфекција на уринарниот тракт предизвикана од бактеријата Escherichia Coli и дрги бактерии кои се здружуваат со неа (Staphylococcus, Streptococcus, Proteus, Klebsiella spp.).

Vetamanoza 60g powder

На залиха

2,421 ден

Го подржува здравјето на уринарниот тракт кај кучиња и мачки.
Се употребува кај кучиња и мачки со инфекција на уринарниот тракт предизвикана со бактеријата Escherichia Coli и други бактерии кои се здружуваат со неа (Staphylococcus, Streptococcus, Proteus, Klebsiella spp.).