Renal

590 ден

Се применува кај кучиња и мачки со акутна, хронична бубрежна, инсуфициенција, хиперфосфатемија.

  • Директно преземање од нашиот магацин

Преземете уште денес.

Бесплатно

  • Достава по курир

Пратката ќе ви биде доставена на внесената адреса.

2-3 работни дена

150 ден.

Детален опис на производот:

Пакување

50 таблети

Дозирање

1 таблета до 5 кг TM, 2 пати дневно. Или по совет со ветеринар.

Состав:

Магнезиум карбонат 300 мг
Магнезиум-карбонат е врзувач (хелатор) на фосфати, како што се и калциум-карбонат, алуминиум-карбонат, лантан-карбонат и други. Врзувачите на фосфати го менуваат својот анјон за фосфор и стануваат фосфатни соли во дигестивниот тракт, кој потоа се елиминираат преку фецесот.
Кога ќе се спореди ефикасноста на врзувачите на фосфати, а за споредба се земе 1 г CaCO3 како индекс, односно, ако речеме дека ефикасноста која ја има 1 г CaCO3 еднаква на еден (=1), тогаш можеме да кажеме дека: Лантан-карбонат има ефикасност 2,9; Севеламер-хидрохлорид има 0,6; MgCO3 има 1,3; Калциум-ацетат 1,2; Алуминиум-хидроксид има 1,5. Подобрата ефикасност на MgCO3 (во однос на CaCO3) за врзување на фосфати и избегнување на зголемена калцемија и последични опасни калцификации, се две важни предности на RENAL таблетите.

Цитосан 10 мг
Цитосан е шеќер кој се добива со де-ацетилација на хитинот од школките. Значително ја смалува уремијата и нивото на креатинин во серумот.

Додаток: Лактоза, магнезиум стеарат

Упатство за употреба:

За орална употреба. Можете да дадете цела RENAL таблета или може да се издроби и помеша во храна.

Да се чува на температура до 25°C. Да се чува подалеку од дофат на деца. Само за употреба кај животни.