Calmatonin Paste

590 ден

Дополнителна храна за мачки кои страдаат од анксиозност или се исплашени и вознемирени. Има релаксирачки ефект врз мачките во ситуација на висок стрес, како што се грмотевици, транспорт, капење и потстрижување, огномети, изложби, вознемиреност од одвојување или во текот на летните месеци (високи температури навоздух), кога има промени во домот, како што е пристигнување на посетител или нов член на семејството и други ситуации кои можат да предизвикаат плашење на мачката.

  • Директно преземање од нашиот магацин

Преземете уште денес.

Бесплатно

  • Достава по курир

Пратката ќе ви биде доставена на внесената адреса.

2-3 работни дена

150 ден.

Детален опис на производот:

Пакување

Шприц 30 ml

Дозирање

2 ml дневно до 5 kg телесна маса.

Состав:

Декстроза, вода, олигофруктозен сируп, глицерол, масло од соја*, сув екстракт од пасифлора, сув екстракт од камилица рекутита, говедски желатин, преработени животински протеини (пилешки и мисиркин), инозитоол, Л-триптофан, арома, мелатонин. Емулгатори и стабилизатори: Полиоксиетилен (20)-сорбитан моноолеат (С 433).

*БЕЗ ГМО – Соино масло се произведува од генетски немодифицирани организми.

2 ml паста содржи: екстракт од пасифлора 70 mg, екстракт од камилица 70 mg, инозитол 30 mg, Л-триптофан 20 mg, мелатонин 1 mg.

Калматонин пастата ефикасно ги ублажува симптомите на анксизност и стрес, безбедна е и при долготрајна употреба, благодарение на нејзините состојки:

Сув екстракт од цвет на растението Passiflora incarnata, познат по својата способност да релаксира и намалува напнатоста. Биохемиските студии покажале дека природните флавоноиди се клучна активна состојка. Passiflora ја подобрува ефикасноста на GABA рецепторите во мозокот, кои помагаат за релаксација. Гама-амино-бутирна киселина (GABA) е примарен инхибиторен невротрансмитер во централниот нервен систем. Ја намалува количината на активност на нервните клетки – што има смирувачки и релаксирачки ефект. Во суштина, цветот од Passiflora исто така има својства кои го спречуваат кршењето на виталните трансформатори (допамин, норепинефрин, серотонин). Делува така што го зголемува нивото во организмот и резултира во подобрување на расположението и темпераментот. Сув екстракт од цвет на растението Chamomilla recutita содржи апигенин, флавоноид со анксиолитички својства. Камилицата има и релаксирачки, антиинфламаторни и антиспазмодични својства кое се манифестира на мускулутурата. Поради овие својства, камилицата може да обезбеди олеснување во различни вообичаени ситуации кај домашните миленици и може да се користи како седатив. Inozitol, молекула слична на витамин, игра улога во дејството на серотонин, за кој се верува дека делува како стабилизатор на располежението. L – Триптофан е незаменлива аминокиселина во исхраната која ја поддржува модулацијата на расположението и однесувањето кај цицачите преку неговата улога во серотонергичната патека. Кога вишокот на L-Trptofan е вклучен во исхраната и не се користи за синтеза на протеини, може да се користи како терапевтски додаток бидејќи е примарен претходник на серотонин. Серотонинот има седативно дејство (на пример при чувствителност на болка и агресивно однесување). Триптофанот се користи за намалување на агресијата и импулсивноста, како и за стабилизирање на расположението.

Мелатонин е хормон кој природно се јавува кај животните и луѓето. Го излачува епифизата. Како додаток, може да им помогне на нашите миленици да се релаксираат, да го ублажат стресот и да спијат мирно. Мелатонин има примена и кај одредени здравствени состојби.

Секогаш треба да разговарате со вашиот ветеринар пред да воведете нови лекови или додатоци во режимот за здравствена заштита на вашето домашно милениче.

Упатство за употреба:

Може да се дава директно во уста или да се меша со храна за домашни миленици. Пријатниот вкус го олеснува прифаќањето на пастата.

За да ја нанесете точната количина на производот, користете го практичното тркало на клипот на шприцот. Завртете го тркалото додека не биде десно од бројот што ја преставува саканата количина што треба да се примени (видете го дијаграмот подолу што ја покажува правилната и неправилната положба за 10 ml).

Да се чува на суво и ладно место, подалеку од директна сончева светлина. Да се чува подалеку од дофат на деца. Само за животинска употреба.