- Директно преземање од нашиот магацин
Преземете уште денес.
Бесплатно
- Достава по курир
Пратката ќе ви биде доставена на внесената адреса.
2-3 работни дена
150 ден.
532 ден
Дополнителна храна за кучиња, кој ги ублажува симптомите на стрес, анксиозност и нарушувања во однесувањето, како што се вознемиреност, страв од бури, пукање и вознемиреност за време на патување или во случај на доаѓање на нов член на домаќинството. Кога се применува однапред, се спротивставува на штетните симптоми на стрес на природен, нежен и долгорочен начин.
Преземете уште денес.
Бесплатно
Пратката ќе ви биде доставена на внесената адреса.
2-3 работни дена
150 ден.
20 капсули
1 капсула (до 3 пати) дневно на 10кг ТМ или по совет на ветеринар.
Калматонин ефикасно ги ублажува симптомите на анксиозност и стрес и е безбеден, дури и со долготрајна употреба, благодарение на содржината на неговите состојки:
Сув екстракт од цвет на растението Passiflora incarnata, познат по својата способност да релаксира и намалува напнатоста. Биохемиските студии покажале дека природните флавоноиди се клучна активна состојка. Passiflora ја подобрува ефикасноста на GABA рецепторите во мозокот, кои помагаат за релаксација. Гама-амино-бутирна киселина (GABA) е примарен инхибиторен невротрансмитер во централниот нервен систем. Ја намалува количината на активност на нервните клетки – што има смирувачки и релаксирачки ефект. Во суштина, цветот од Passiflora исто така има својства кои го спречуваат кршењето на виталните трансформатори (допамин, норепинефрин, серотонин). Делува така што го зголемува нивото во организмот и резултира во подобрување на расположението и темпераментот.
Сув екстракт од цвет на растението Chamomilla recutita содржи апигенин, флавоноид со анксиолитички својства. Камилицата има и релаксирачки, антиинфламаторни и антиспазмодични својства кое се манифестира на мускулутурата. Поради овие својства, камилицата може да обезбеди олеснување во различни вообичаени ситуации кај домашните миленици и може да се користи како седатив.
Сув екстракт од коренот на растението Valeriana officinalis е најпознат по своите седативни квалитети, а се користи за ублажување на стресот, несоницата и анксизноста, за контрола на нападите и ја поддржува релаксација. Се верува дека сувиот екстракт од овој корен делува преку рецепторот GABA, кој го блокиран нервнот пренос измеѓу невроните кои ја стимулираат активноста.
L – Триптофанот е есенцијална аминокиселина во исхраната која ја поддржува модулацијата на расположението и однесувањето кај цицачите преку неговата улога во серотонергичната патека. Кога вишокот на L-Trp е вклучен во исхраната и не се користи за синтеза на протеини, може да се користи како терапевтски додаток бидејќи е примарен претходник на серотонин. Серотонинот има седативно дејство (на пример при чувствителност на болка и агресивно однесување). Триптофанот се користи за намалување на агресијата и импулсивноста, како и за стабилизирање на расположението.
Мелатонин е хормон кој природно се јавува кај животните и луѓето. Го излачува епифизата. Како додаток, може да им помогне на нашите миленици да се релаксираат, да го ублажат стресот и да спијат мирно. Мелатонин има примена и кај одредени здравствени состојби. Секогаш треба да разговарате
со вашиот ветеринар пред да воведете нови лекови или додатоци во режимот за здравствена заштита на вашето домашно милениче.
Капсулите CALMATONIN може да се даваат цели или можат да се отворат и помешаат со мала количина на храна за домашни миленици. Давајте онолку долго колку што сметате дека е потребно или како што ве советува вашиот ветеринар.
Сеуште немате профил?
Креирај профил