Arthroflex In

1,660 ден

Дополнителна храна за кучиња, ги храни и поддржува зглобовите и ‘рскавиците и помага да се поттикнат нормалните движења и подвижност.

  • Директно преземање од нашиот магацин

Преземете уште денес.

Бесплатно

  • Достава по курир

Пратката ќе ви биде доставена на внесената адреса.

2-3 работни дена

150 ден.

Детален опис на производот:

Пакување

60 двојно обложени таблети.

Дозирање

1 таблета дневно за куче до 10 kg телесна маса, 2 таблети дневно за куче со поголема тежина од 10 kg телесна маса или по преперака на ветеринар.

Состав:

Комбинацијата на активните состојки обезбедува подвижност и напредна заштита на зглобовите.

Глукозаминот ја стимулира синтезата на гликозаминогликани (GAG), кои се компоненти на матрицата на ‘рскавицата.

Телото може да апсорбира хидролизиран колаген тип II, бидејќи е биоактивен и биорасположлив. Може да ја заштита ‘рскавицата од дегенерација од абење. Промовира подмачкување на ‘рскавицата. Го
намалува воспалувањето во синовијалната течност.

Кората од бела врба е додаток направен од кората од стеблото на бела врба (Salix alba). Активната состојка на кората од бела врба е салицин, кој е сличен на активнита состојка во аспиринот. Затоа најчесто се користи за лекување на болки и воспаление поврзани со артритисот. Белата врба не предизвикува стомачни тегоби или оштетувања на црниот дроб, како што може да предизвика аспиринот.

MSM делува како аналгетик намалувајќи ги нервните имплуси кои пренесуваат болка. Научните студии покажаа дека има подобрување на симптоми како што се воспаление, болка и оток кај пациенти кои користат MSM во комбинација со глуказамин.

Кверцетин е фитонутриент, биофлавоноид кој има антиинфламаторни, антиоксидантни и антихистамински својства. Екстракт од Ѓаволска канџа (Devil’s Claw) ја намалува вкочанетоста, ја
подобрува подвижноста и одржува здрави зглобови кај мачки и кучиња, без исцрпувачки несакани ефекти.

Манганот е потребен за синтеза на GAG и колагенот и овозможува вкрстено вмрежување и врзување на колагенските влакна.

Хијалуронската киселина е една од главните компоненти на течности во згловобите, која има слични физички својства како гумата. Вискозноста на синовијалната течност е зависна од содржината на вода. Помалку вода значи поголем вискозитет. Со притискање на зглобот се исфрла вода што ја зголемува вискозноста.

Упатство за употреба:

Најдобар ефект на двојно обложените таблети се добива кога таблетата се става на коренот од јазикот на домашното милениче, со цел да ја проголта целата таблета. Ако тоа е невозможно, здробете ја таблетата и помешајте ја со храна.
Да се чува на суво и ладно место, подалеку од директна сончева светлина. Да се чува подалеку од дофат на деца. Само за животни.