wishlist
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Calmatonin
 
 
 
 
 
 

Calmatonin

 
 
 
1130Ден
 

Додаток во исхраната наменет да обезбеди поддршка кај кучиња кои страдаат од анксиозност или фобии.

:
 
 

Пакување: 60 капсули

Состав:
Passiflora incarnata, сув цвет екстракт 70 мг
Екстрактот Passiflora долго е познат по својата способност да релаксира и да ја намалува напнатоста. Биохемиските студии покажале дека природните флавоноиди се клучна активна состојка и дека Passiflora ја подобрува ефикасноста на GABA рецепторите во мозокот, кои помагаат за релаксација. Гама-амино-бутирна киселина (GABA) е примарен инхибиторен невротрансмитер во централниот нервен систем, намалувајќи ја количината на активност на нервните клетки - што има смирувачки и релаксирачки ефект. Во суштина, цветот од Passiflora исто така има својства кои го спречуваат кршењето на виталните трансформатори (допамин, норепинефрин, серотонин), што го зголемува нивото во организмот и резултира во подобрување на расположението и темпераментот.

Chamomilla recutita, екстракт од сув цвет 70 мг
Камилицата се користи како традиционален лек илјадници години за намалување на анксизност и смирување на желудникот. Камилицата содржи Апигенин, флавоноид со анксиолитички својства. Камилицата има и миорелаксантни, антиинфламаторни и анти-спазматични својства. Поради овие својства, камилицата овозможува ослободување од разни чести нарушувања кај мали животни и може да се користи како седатив.

Valeriana officinalis, екстракт од сув корен 30 мг
Коренот на валеријана е најпознат по своите седативни квалитети, а се користи за ублажување на стресот, несоницата и анксизноста, за контрола на нападите и ја поддржува релаксација. Се верува дека сувиот екстракт од овој корен го манифестира својот ефект преку рецепторот GABA, кој го блокира преносот на нервните импулси помеѓу невроните кои ја стимулираат активност, поради што има и смирувачки ефект.

L - Триптофан 20 мг
Триптофан е незаменлива диетална аминокиселина која поддржува модулацијата на расположението и однесувањето кај цицачите, по нејзината улога во серотонергичната патека. Кога вишокот на L-триптофан се внесува преку исхраната и не се користи за синтеза на протеини, се користи како терапевтски додаток. Тоа е примарен претходник на серотонин, кој има седативно дејство, како чувствителност на болка и агресивно однесување. Поради своите смирувачки способности, се користи за намалување на агресијата и импулсивноста кај кучињата и мачките.

Мелатонин 1 мг
Мелатонинот е хормон кој природно се наоѓа во телото на животните и луѓето. Го излачува епифизата. Како додаток во исхраната, може да помогне кај нас и на нашите миленици да се опуштаме, десензибилизираме и заспиеме. Исто така, може да помогне и при одредени здравствени состојби. Пред воведување на нови лекови и додатоци во режим на здраствена заштита на вашето милениче, секогаш е потребно да се консултирате со вашиот ветеринар.

Додаток: Магнезиум стеарат

Дозирање: За 10 кг ТМ, се препорачува да се дава 1 капсула (до 3 пати) на ден или по совет на ветеринар.

Упатство за употреба:
За орална употреба. Calmatonin капсулите може да ги давате цели или да ги отворите и да ги мешате во мала количина храна. Овој додаток во храна за кучиња можете да го дадете онолку долго колку што ве советува вашиот ветеринар.

Да се чува на суво место, на температури до 25 ° C, подалеку од дофат на деца. Само за употреба на животни.

 
 
Share on Facebook
Tweet
Share On Google Plus
Share On Pinterest
 
 
 
 
 
 
 
 
 

ooohhh... you may have just missed this one. Fill out the form below and we'll get back to you as soon as it's back in stock!

 
*
 
*