wishlist
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Кои сме ние?

 
 
ВЕТЕРИНАРСТВО МАКЕДОНИЈА е прва фабрика основана во 2006 година.

Наша основна дејност е производство, увоз и дистрибуција на производи од областа на ветерината и агрономијата на територијата на Р. Македонија.

Нудиме широка палета на додатоци за сточна храна и суплименти за сите видови домашни животни. Голем дел од нашите производи се сретнуваат за прв пат на македонскиот пазар и нудат можност за подобрување на квалитетот и количината на производите кои ги добиваме од домашните животни.

Исто така, голем дел од нашите производи се наменети за подобрување и одржување на општата здраствена состојба, што е важен предуслов за добивање на добри резултати во современото сточарство.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Мисија

 
Наша мисија е да формулираме и произведуваме ветеринарни производи кои ќе ги задоволуваат најстрогите европски и светски барања во поглед на квалитетот, ефикасноста и безбедноста на производите.
 
 
 
 
 

Семе Семена

 
Ние сме и ексклузивни застапници за производите од фирмата СемеСемена компанија чија основна дејност е производство, доработка, пакување и промет со семенски материјал.
 
 
 
 
 

ВетаПро

 
Нашата долга историја, богато искуство и експертиза ни овозможи во 2018 година да го креираме брендот ВетаПро, додатоци во исхрана на домашни миленичиња.
 
 
 
 
 
 
Изразеното задоволство од нашите производи кое го искажуваат корисниците, преставува поттик за нашиот професионален тим да ги усоврши произовдите, создаде нови и да го прошири производството во чекор со науката и новите технологии.
 
 
Доказ за тоа е континуираниот раст на пазарот како и стекнатата доверба од страна на клиентите.
 
 
Денес со задоволство можеме да кажеме дека нашите палети се едни од водечките во сегментот на ветеринарните додатоци, а нашите производи се синоним за квалитет, безбедност и достапност.