Го подржува здравјето на уринарниот тракт кај кучиња и мачки.
Се употребува кај кучиња и мачки со инфекција на
уринарниот тракт предизвикана со бактеријата Escherichia Coli и други бактерии кои се здружуваат со неа (Staphylococcus, Streptococcus, Proteus,
Klebsiella spp.).
Пакување: 60 г прашок (30 дози),
Дозерка (полна, мала дозерка содржи 2 г ВЕТАМАНОЗА ПРАШОК)
Состав:
D-Mannose 2г
D-Mannose е природен прост шеќер кои успешно се применува во лечење на уринарни инфекции
предизвикани од E. coli и други бактерии кои
се здружуваат со неа
(Staphylococcus, Streptococcus, Proteus, Klebsiella spp.). D-Mannose се абсорбира осум пати поспоро од глукозата и штом
влезе во организмот не се претвора во гликоген, не се депонира во црниот дроб
туку оди директно во крвотокот. D-Mannose воглавно се филтрира низ бубрезите и се насочува
во мочниот меур. Полисахаридните молекули го прекриваат епителот на мочниот меур и на
нив со своите површински израстоци се прикачуваат бактерии E. coli и предизвикуваат инфекција. Во присуство на D-Mannose во мочниот меур, бактериите со своите
израстоци се прикачуваат за молекулите на D-Mannose и формираат
комплекси кои се елиминираат со следното испирање.
-Mannose ги одстранува „лошите“ бактерии со врзување за нив и се излачуваат со урината
Додаток:
Средство
против згрутчување до 1%.
Дозирање:
Акутна инфекција - 1 мерна дозерка дневно, во текот на 5 дена
За превенција од повторно појавување
на инфекција – ½ мерна дозерка дневно 20 дена по инфекцијата
Или по упатсво на ветеринар.
Третман со D-Mannose се
применува само кај мачки кои уринираат (немаат
опструкција на мокрачните патишта).
Упатство за употреба:
Да се обезбеди доволна количина на чиста вода за пиење на својот пациент
или миленик во текот на целиот ден.
Пропишаните дози ВЕТАМАНОЗА прашок на кучињата и мачките да се даваат
помешани во вода.
Да се чува на температура
до 25°C.
Да се чува подалеку од
дофат на деца. Само за употреба кај животни. Рок на употреба: назначен на пакувањето.