wishlist
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Urino Cat
 
 
 
 
 
 

Urino Cat

 
 
 
740Ден
 

Додаток во исхраната за мачки со инфекција на долните уринарни патишта - акуни, хронични и рекурентни вослапенија. Се препорачува и при постоење на кристалурија и мокрачни камења, како и по катетеризација и оперативно отстранување на мокрачните камења. Препаратот е наменет за одржување на нормалната функција на уринарнот тракт.

:
 
 

Пакување: 30 капсули

Состав (во 100г):

Екстракт со мечкино грозје(Uva ursi) – Арбутин 100мг
Арбутинот во уринарниот тракт се претвара во хидрокинон. Хидрокинонот е моќен антисептик кој се бори против инфекции на уринарниот тракт

Глукозамин сулфат (Glucosamin sulfate) – 70 мг
Гликозамин сулфат е дериват на глукозаминот кој се добива од егзоскелетонот на раковите, а ја стимулира синтезата на гликозаминогликан (GAG), кој го штитат осетливиот уротелиум и спречуваат бактериите да се врзуваат за уротелијалните клетки. Глукозамин сулфат исто така има и антинфламатрони својства.

Д-Маноза 80 мг
Д-Маноза е природен прост шеќер кој успешно се применува во лечење на уринарни инфекции предизвикани E. Colii и други бактерии кои се здружуваат со неа (Staphylococcus, Streptococcus, Proteus, Klebsiella). Полисахаридните молекули го прекриваат епителот на бешиката и на нив со својте површински израстоци се прикачуваат бактериите E. Coli и иницираат инфекции. Во присуство на Д-Маноза во бешиката, бактериите со своите израстоци се прикачуваат на молекулите на Д-Маноза и формираат комплекси кои се исфрлаат со следното испирање.

Дозирање: 1 капсула дневно на 5 кг ТМ или по совет на ветеринар.

Упатство за употреба: За орална употреба. Да се дава колку што е потребно или по совет на ветеринар.

Обезбедете доволни количини на чиста вода за пиење на својот пациент или миленик во текот на целиот ден.

Да се чува на температура до 25°C. Да се чува подалеку од дофат на деца. Само за употреба кај животни.

 
 
Share on Facebook
Tweet
Share On Google Plus
Share On Pinterest