Се применува кај кучиња и мачки со акутна, хронична бубрежна, инсуфициенција, хиперфосфатемија .
Пакување: 50 таблети
Состав:
Магнезиум карбонат 300 мг
Магнезиум-карбонат е врзувач (хелатор) на
фосфати, како што се и калциум-карбонат, алуминиум-карбонат,
лантан-карбонат и други. Врзувачите на фосфати го менуваат својот анјон за
фосфор и стануваат фосфатни соли во дигестивниот тракт, кој потоа се
елиминираат преку фецесот.
Кога ќе се спореди ефикасноста на
врзувачите на фосфати, а за споредба се
земе 1 г CaCO3 како индекс, односно, ако речеме дека ефикасноста
која ја има 1 г CaCO3 еднаква на еден (=1), тогаш можеме да кажеме дека: Лантан-карбонат има
ефикасност 2,9; Севеламер-хидрохлорид има 0,6; MgCO3 има 1,3; Калциум-ацетат 1,2; Алуминиум-хидроксид има 1,5. Подобрата ефикасност на
MgCO3 (во однос на CaCO3) за врзување на фосфати и избегнување на зголемена калцемија и последични
опасни калцификации, се две важни предности на VETAProRENAL таблетите.
Цитосан 10 мг
Цитосан е шеќер кој
се добива со де-ацетилација на хитинот од школките. Значително ја смалува уремијата и нивото на
креатинин во серумот.
Додаток: Лактоза, магнезиум стеарат
Дозирање: 1 таблета до 5 кг TM, 2 пати дневно. Или по совет со ветеринар.
Упатство за употреба:
За орална употреба. Можете да дадете цела VETAProRENAL таблета или може да се издроби и помеша во храна.
Да се чува на температура до 25°C. Да се чува подалеку од дофат на деца. Само за употреба кај животни.