Пакување: 60 г прашок (30 дози),
Дозерка (полна, мала дозерка содржи 2 г ВЕТАМАНОЗА ПРАШОК)
Состав:
D-Mannose 2г
D-Mannose е природен прост шеќер кои успешно се применува во лечење на уринарни инфекции предизвикани од E. coli и други бактерии кои се здружуваат со неа (Staphylococcus, Streptococcus, Proteus, Klebsiella spp.). D-Mannose се абсорбира осум пати поспоро од глукозата и штом влезе во организмот не се претвора во гликоген, не се депонира во црниот дроб туку оди директно во крвотокот. D-Mannose воглавно се филтрира низ бубрезите и се насочува во мочниот меур. Полисахаридните молекули го прекриваат епителот на мочниот меур и на нив со своите површински израстоци се прикачуваат бактерии E. coli и предизвикуваат инфекција. Во присуство на D-Mannose во мочниот меур, бактериите со своите израстоци се прикачуваат за молекулите на D-Mannose и формираат комплекси кои се елиминираат со следното испирање.
-Mannose ги одстранува „лошите“ бактерии со врзување за нив и се излачуваат со урината
Додаток:
Средство против згрутчување до 1%.
Дозирање: Акутна инфекција – 1 мерна дозерка дневно, во текот на 5 дена
За превенција од повторно појавување на инфекција – ½ мерна дозерка дневно 20 дена по инфекцијата. Или по совет на ветеринар.
Третман со D-Mannose се применува само кај мачки кои уринираат (немаат опструкција на мокрачните патишта).
Упатство за употреба: Да се обезбеди доволна количина на чиста вода за пиење на својот пациент
или миленик во текот на целиот ден.
Пропишаните дози ВЕТАМАНОЗА прашок на кучињата и мачките да се даваат
помешани во вода.
Да се чува на температура до 25°C.
Да се чува подалеку од дофат на деца. Само за употреба кај животни. Рок на употреба: назначен на пакувањето.
Критики
Нема критики сеуште.