Пакување: 20 касички по 2 г
Состав:
D-Mannose 2g
D-Mannose е природен прост шеќер кои успешно се применува во лечење на уринарни инфекции предизвикани од E. coli и други бактерии кои се здружуваат со неа (Staphylococcus, Streptococcus, Proteus, Klebsiella spp.). D-Mannose се абсорбира осум пати поспоро од глукозата и штом влезе во организмот не се претвора во гликоген, не се депонира во црниот дроб туку оди директно во крвотокот. D-Mannose воглавно се филтрира низ бубрезите и се насочува во мочниот меур. Полисахаридните молекули го прекриваат епителот на мочниот меур и на нив со своите површински израстоци се прикачуваат бактерии E. coli и предизвикуваат инфекција. Во присуство на D-Mannose во мочниот меур, бактериите со своите израстоци се прикачуваат за молекулите на D-Mannose и формираат комплекси кои се елиминираат со следното испирање.
-Mannose ги отстранува „лошите“ бактерии со нивно врзување и се излачува преку урината
Додаток: Средство против згрутчување до 1%.
Дозирање: Кучиња: Aкутна инфекцијa – 1 кесичка дневно, во текот на 5 дена
За превенција од повторно појавување на инфекција – ½ кесичка дневно во текот на
20 дена по инфекцијата или по совет од ветеринар.
Мачки: Aкутна инфекција – 1 кесичка дневно, во текот на 5 дена
За превенција од повторно појавување на инфекција – ½ кесичка дневно 20 дена по инфекцијата или по совет од ветеринар.
Третманот со D-Mannose се применува само кај мачки кои уринираат (немаат опструкција на мокрачните патишта).
Упатство за употреба: Да се обезбеди доволна количина чиста вода за пиење на пациент или
миленикот во текот на целиот ден.
Пропишаните ВЕТАМАНОЗА дози за кучиња и мачки да се даваат помешани во
вода.
Да се чува на температура до 25°C. Да се чува подалеку од дофат на деца. Само за употреба кај животни.
Критики
Нема критики сеуште.