Пакување: 60 таблети
Состав:
Л–карнитин тартрат (including L-carnitine) 150 мг
Л-карнитин е аминокиселина која организмот ја користи за претварање на мастите во енергија. Срцеви заболувања, посебно дилатативна кардиомиопатија на куче, се главна индикација за суплементација на Л-карнитинот.
Таурин 150 мг
Таурин е аминокиселина која е неопходна за здравјето на срцето.
Коензим Q10 30 мг
Коензим Q10 е есенцијална компонента на митохондриите, кои се делови на клетката кои произведуваат енергија од кислородот. Затоа, коензим Q10 е посебно важен за функционирање на органи со голема побарувачка на кислород, вклучувајки ги срцето и мозокот.
Витамин Е 50 мг
Витаминот Е како антиоксиданс помага да се неутрализираат слободните радикали и со тоа го смалува разорувањето предизвикано од слободни радикали. Студиите покажале дека кучиња со дилатативна кардиомиопатија и митрална болест имаат дисбаланс помеѓу производство на слободни радикали и количината на антиоксидантна заштита. Поради тоа е препорачливо храната за кучиња со срцеви заболувања да биде обогатена со антиоксиданти.
Магнезиум 100 мг
Магнезиумот е важен минерал за кучиња со хронична срцева инсуфициенција. Недостатокот на магнезиум може да ги влоши потенцијалните нуспојави од срцеви лекови и може да предизвика други проблеми како што се слабост на мускулот и срцева аритмија.
Додатоци: Минерали
Дозирање: 1 таблета 2 пати дневно на 15 кг ТМ. Или по совет со ветеринар.
Упатство за употреба: Таблетите да се даваат помешани со храна, 1 таблета во 1 оброк. Водата треба да биде достапна во секое време во слободни количини.
Да се чува на температура до 25°C. Да се чува подалеку од дофат на деца. Само за употреба кај животни.
Критики
Нема критики сеуште.