Оваа политика се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку служба за достава одбрана од ВЕТЕРИНАРСТВО МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ на адресата која е наведена во нарачката под следните услови:

- Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цена на нарачката.
- Испорака се врши секој ден, освен на државни празници и неработни денови.
- Испораката на производите се врши на адресата наведена за испорака од страна на купувачот.

Сите нарачки ќе бидат дистрибиурани во одбраниот термин, со исклучок на одредени отстапки поради технички проблеми во системот за нарачки или во сообраќајот низ градот.

За секоја нарачка примачот на пратката ќе биде контактиран во терминот за достава кој го одбрал, но ако не е достапен (искомунициран), пратката ќе биде вратена во седиштето (местото за испорака) кадешто ќе може да се подигне во рок од 15 дена од денот на нарачување. Доколку лицето има барање за повторна дистрибуција на истата пратка е должен истата услуга да ја плати на самиот доставувач. Во случај на враќање на производи по желба на корисникот доставата паѓа на товар на истиот.

Испораката на нарачките се врши до врата. Доколку при испорака на нарачката купувачот инсистира нарачката да му биде предадена пред објектот, само во тој случај доставувачот нема да ја достави нарачката до врата.

Секој купувач е должен при испорака на производите да ги провери за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува. Купувачот треба да ја пријави рекламацијата веднаш на доставувачот. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.

Купувачот има право на рекламација во следниве случаи:

-испорака на производи кои не се нарачани
-испорака на производи на кои им е истечен рокот на употреба
-испорака на производи кои имаат грешки или оштетувања кои настанале при транспортот

Купувачот при прием на пратката треба да ја прегледа истата, да провери дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на нашиот доставувач да утврди дека производите се во добра состојба. Доколку пратката е неисправна, купувачот треба да се пожали во истиот момент. ВЕТЕРИНАРСТВО МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ не одговара и не заменува производи по приемот на пратката, доколку производот не е во оригиналното пакување или е употребуван.


Враќање/ Рекламација на производи


Во случај на враќање на производите, купувачот е должен да укаже на оправдана рекламација на тел. 072 244 602 или писмено преку e-mail на veterinarstvomk@gmail.com

Производот кој е неупотребуван, неотпакуван, може да се врати во рок од 30 дена од денот на нарачката, заедно со приложената фискална.

ВЕТЕРИНАРСТВО МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата на ВЕТЕРИНАРСТВО МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ.

Нашата политика за враќање на производи е достапна на нашата веб странa.