wishlist
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
ImmunoXantin
 
 
 
 
 
 

ImmunoXantin

 
 
 
940Ден
 

Дополнителна храна наменета за кучиња и мачки, за зајакнување на клеточен и хуморален неспецифичен имунитет, кој е важен за борба против вируси, бактерии и малигни клетки. Може да се дава на сите старосни категории на кучиња и мачки кои се изложени на ризик или страдаат од бактериски или вирусни инфекции, оболени од карцином, бремени женки кои ќе им го пренесат имунитетот на своите потомци.

:
 
 

Пакување: 50 капсули

Состав:

β - Глукан 200 мг / г
Најмоќното средство за заштита и зајакнување на имунитетот. β -1,3 / 1,6-глукан е една од најпознатите супстанции за имуно-стимулација, која широко се користи кај кучиња и мачки. Го зголемува нивото на IgA и IgG, има директно антимикробно дејство и ја зголемува ефикасноста на вакцинацијата. Студиите докажуваат дека бета глуканот успешно го гради одбранбениот систем против вирусни, бактериски, габични, паразитски и други причинители на болести кој потоа последователно создава многу силна имунолошка реакција во организмот. Одбранбените ќелии се 7 пати поактивни по активирањето со бета глукан.

Ехинацеа пурпуреа 200 мг / г
Ехинацеа е најпозната по својата способност да го зајакне имунитетот, што е овозможено од разни состојки (на пример флавоноиди, есенцијални масла, полисахариди и други) кои се наоѓаат во самото растение. Сите овие состојки делуваат синергистички и на различни нивоа како помош во јакнувањето на имунитетот и поддршка во отпорноста на болести во организмот. Покрај тоа, ехинацеа има и анти-воспалителни и антимикробни својства.

Витамин Ц (Л - аскорбинска киселина) 100 мг / г
Витаминот Ц го зајакнува имунитетот со тоа што им помага на белите крвни зрнца да делуваат ефикасно, зајакнувајќи го одбранбениот систем на кожата и помагаат побрзо зараснување на раните. Тој е моќен антиоксиданс и го намалува ризикот од хронични заболувања.

Цинк оксид 50 мг / г
Цинк е исклучително важен затоа што учествува во скоро сите биолошки процеси и преставува кофактор за над 300 ензими кои ги контролираат виталните процеси. Без цинк, телото не може да се одбрани (стимулира настанување на одбрани молекули во организмот), учествува во синтеза на ДНК, производство на сперматозоиди, антиоксидантно дејство, затоа што го штити организмот од слободни радикали, го подобрува здравјето на коските и забите и го намалува ризикот од разни дегенеративни промени.

Астаксантин 5 мг / г
Астаксантин е каротеноид со силни антиоксидантни својства, ја подобрува митохондријалната функција кај кучињата и мачките, се бори со оксидативниот стрес и оштетувањето на слободните радикали. Астаксантин исто така има анти-воспалително дејство, го подобрува здравјето на очите, зглобовите, срцето и помага во спречување и борба против клетките на ракот.

Дозирање: 1 капсула на ден (за до 10 кг ТМ) или по совет на ветеринар.

Упатство за употреба:
Immunoxantin ставете ја капсулата длабоко, на коренот на јазикот на домашно милениче, или можете да ја отворите и содржината да ја измешате во храна.

Чувајте на температура до 25 ° C, заштитено од светлина и влага. Чувајте подалеку од дофат на деца. Само за употреба на животни.

 
 
Share on Facebook
Tweet
Share On Google Plus
Share On Pinterest