wishlist
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Immuno
 
 
 
 
 
 

Immuno

 
 
 
880Ден
 

Додаток во исхрана наменет за кучиња и мачки за јакнење на клеточниот и хуморалниот неспецифичен имунитет кој е важен за борба против вируси, бактерии и малигни клетки. Може да се дава на кучиња и мачки кои се под ризик или веќе болуваат од бактериски или вирусни инфекции, кај многу млади или стари единки, кај кучиња заболени од рак, кај гравидни животни кои ќе го пренесат имунитетот на потомците.

:
 
 

Пакување: 60 капсули

Состав:

Б-глукан и Манан-олигосахариди 500 мг/г
Најмоќно средство за заштита и јакнење на имунитетот. β-1,3/1,6-глукан е една од најпознатите супстанци за имуно-стимулација кои се во широка употреба кај кучиња и мачки. Го зголемува нивото на IgA и IgG, има директно антимикробно дејство и ја зголемува ефикасноста на вакцинацијата. Студиите покажале дека бета глуканот успешно гради одбрамбен систем против вирусни, бактериски, габични, паразитски и други причинители на болести кој потоа последично предизвикува многу силна имунолошка реакција во телото. Одбрамбените клетки се 7 пати поактивни по активација со бета глукан.

Додаток:

Витамин Ц 100 мг/г
Витаминот Ц го зголемува имунитетот помагајќи им на белите крвни зрнца да делуваат поефикасно, јакнејќи го одбрамбениот систем на кожата и помагајќи во побрзо зараснување на раните. Тој е снажен антиоксидант и го смалува ризикот од настанок на хронични болести.

Фолна киселина 0.5 мг/г
Фолна киселина или витамин Б9, поволно влијае на метаболизмот, работата на кардиоваскуларниот систем, нервниот систем, помага против анемија, значајно ги успорува процесите на стареење.

Цинк оксид 10 мг/г
Цинкот е исклучително важен бидејќи учествува во скоро сите биолошки процеси и преставува кофактор за преку 300 ензими кои ги контролираат виталните процеси. Без цинк организмот неможе да се брани (стимулира настанок на одбрамбени молекули во организмот), учествува во синтеза на ДНК, во производство на сперматозоиди, антиоксидативно делува и го штити телото од слободни радикали, го подобрува здравјето на коските и забите и го смалува ризикот од разни дегенеративни промени.

Лактоза до 1г. Арома како засилувач на палатибилноста.

Дозирање: 1 капсула дневно на 15 кг TM. Над 15 кг TM – 2 капсули днево.

Упатство за употреба:
Капсулите можат да се отворат и содржината може да се даде на животното директно во уста или преку храна.

Да се чува на температура до 25°C. Да се чува подалеку од дофат на децат. Само за употреба кај животни.

 
 
Share on Facebook
Tweet
Share On Google Plus
Share On Pinterest