Додаток за храна наменет за кучиња како подршка за нормално функционирање на кардиоваскуларниот систем.
Пакување: 60 таблети
Состав:
Л-карнитин тартрат (including L-carnitine) 150 мг
Л-карнитин е
аминокиселина која организмот ја користи за претварање на мастите во енергија. Срцеви заболувања, посебно
дилатативна кардиомиопатија на куче, се главна индикација за
суплементација на Л-карнитинот.
Таурин 150 мг
Таурин е аминокиселина која е неопходна за здравјето на
срцето.
Коензим Q10 30
мг
Коензим Q10 е есенцијална компонента на
митохондриите, кои се делови на клетката кои
произведуваат енергија од кислородот. Затоа, коензим Q10 е посебно важен за функционирање на
органи со голема побарувачка на кислород, вклучувајки ги срцето и мозокот.
Витамин Е 50 мг
Витаминот Е како антиоксиданс помага да се неутрализираат
слободните радикали и со тоа го смалува разорувањето предизвикано од слободни
радикали. Студиите покажале дека кучиња со
дилатативна кардиомиопатија и митрална болест имаат дисбаланс помеѓу
производство на слободни радикали и количината на антиоксидантна заштита. Поради тоа е препорачливо храната за
кучиња со срцеви заболувања да биде обогатена со антиоксиданти.
Магнезиум 100 мг
Магнезиумот е важен минерал за кучиња со хронична срцева
инсуфициенција. Недостатокот
на магнезиум може да ги влоши потенцијалните нуспојави од срцеви лекови и може
да предизвика други проблеми како што се слабост на мускулот и срцева аритмија.
Додатоци: Минерали
Дозирање: 1 таблета 2 пати дневно на 15 кг ТМ. Или по совет со ветеринар.
Упатство за употреба:
Таблетите да се даваат помешани со храна, 1 таблета во 1 оброк. Водата треба да биде
достапна во секое време во слободни количини.
Да се чува на температура до 25°C. Да се чува подалеку од дофат на деца. Само за употреба кај животни.