Додаток за храна наменет за кучиња од мали раси како подршка за нормално функционирање на кардиоваскуларниот систем.
Пакување: 60 таблети
Состав:
Л-карнитин тартрат (including L-carnitine) 50 мг
Л-карнитин е аминокиселина
која организмот ја користи за претварање на мастите во енергија. Срцеви заболувања, посебно
дилатативна кардиомиопатија на куче, се главна индикација за
суплементација на Л-карнитинот.
Таурин 50 мг
Таурин е аминокиселина која е неопходна за здравјето на
срцето.
Магнезиум 35 мг
Магнесиумот е важен минерал за кучиња со хронична срцева инсуфициенција.
Недостаток на магнезиум може да ги влоши потенцијалите несакани ефекти на
срцевите лекови и може да предивика други проблеми како што се мускулната
слабост и срцевите апитмии.
Витамин Е 17 мг
Витаминот Е како антиоксиданс помага да се неутрализираат
слободните радикали и со тоа го смалува разорувањето предизвикано од слободни
радикали. Студиите покажале дека кучиња со
дилатативна кардиомиопатија и митрална болест имаат дисбаланс помеѓу
производство на слободни радикали и количината на антиоксидантна заштита. Поради тоа е препорачливо храната за
кучиња со срцеви заболувања да биде обогатена со антиоксиданти.
Коензим Q10 10 мг
Коензим Q10 е есенцијална компонента на
митохондриите, кои се делови на клетката кои
произведуваат енергија од кислородот. Затоа, коензим Q10 е посебно важен за функционирање на
органи со голема побарувачка на кислород, вклучувајќи ги срцето и мозокот.
Дозирање: 1 таблета 2 пати дневно на 5 кг ТМ. Или по совет со ветеринар.
Упатство за употреба:
Таблетите да се ставаат
директно на коренот на јазикот или да се отвори капсулата и содржината да се
помеша во мало количество храна. Водата
треба да биде достапна во секое време во слободни количини.
Да се чува на температура до 25°C. Да се чува подалеку од дофат на деца. Само за употреба кај животни.