Кај кучиња и мачки при
пореметен цревен баланс.
За одржување на нормална
функција на дигестивниот тракт и детоксикација на организмот.
Пакување: 20 капсули
Состав:
Активен јаглен 250 мг
Активниот јаглен има способност на адсорпција на голем број на супстанции
од органско и неорганско потекло, како и гасови благодарејки
на големата специфична површина на неговите честички. Не
се ресорбира од гастроинтестиналниот тракт и не подлежи на метаболичко
разградување, туку заедно со супстанците кои ги адсорбирал се излачува од
организмот преку изметот.
Останати состојки: Желатин
Дозирање:
Кучиња и мачки: 2-3 капсули до 20 кг TM, 3-4 пати на ден или по совет со ветеринар.
Упатство за употреба:
ВЕТАКАРБОН АКТИВ капсулата
да се даде директно на коренот од јазикот на животното или да се отвори
капсулата и содржината да се помеша во храна.
Да се чува на температура до 25°C. Да се чува подалеку од дофат на деца. Само за употреба кај животни.